Кога вашето дете ќе нацрта нешто импресивно на училиште и ќе ви го донесе дома можете да го направите реалност преточувајќи го на парче облека. Идејата е на компанијата „Picture this“ чија цел е да ги охрабри младите деца да размислуваат креативно трансформирајќи ги нивните уметнички дела во мода.
Сопственичката на компанијата, Џејми Њубери била инспирирана од сопствените искуства. Џејми создала фустан со боите на виножитото за нејзината ќерка врз основа на оригиналниот цртеж кој го нацртал нејзината ќерка. Кога нејзината ќерка им кажала на другарчињата дека носи сопствен дизајн, и тие покажале интерес за „носење на нивната имагинација“. Затоа Њубери, во соработка со уште неколку креативци, основала компанија која им овозможува на децата да ја дизајнираат сопствената облека.
Процесот е едноставен: прво, посетете ја веб страната на „Picture this“, и испечатете модел на фустан. Потоа дајте му го моделот на вашето дете и оставете го твори. Цртежот потоа треба да го прикачите и да го доставите, а завршниот производ можете да го добиете за неколку недели.
Во моментот, компанијата нуди фустани, меѓутоа планира да се прошири.