X
 05.09.2021 Живот

И Шкотска ќе тестира четиридневна работна недела

Сè полека се враќа во нормала, а компаниите го менуваат начинот на работа за да ја зголемат продуктивноста на вработените и да постигнат максимални финансиски резултати. Некои компании им нудат опции на вработените да работат од дома, додека други воведуваат поинакви практики, како намалување на работните денови.

Ова е тренд и на национално ниво со оглед на тоа што некои земји веќе тестираа четиридневна работна седмица. И Шкотска ќе експериментира со скратена работна недела за да го подобри менталното здравје на вработените, но и да го поттикне економскиот раст со очекувано зголемено трошење во слободните денови.


Фото: Pixabay

Иницијативата на шкотската влада е дел од изборно ветување дека ќе се спроведе барем едно тестирање на скратена работна недела. Државата очекува дека скратената работна недела нема да влијае врз резултатите од вработените.

Сличен експеримент во Нов Зеланд ја зголемил продуктивноста и го подобрил балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот за вработените.

Претходно и Јапонија најави план за воведување четиридневна недела за да ја намали премореноста кај вработените. Шпанската влада, исто така, започна проект за намалување на работните денови.

Извор: Interesting Engineering
Фото: Freepik
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот