Апликацијата „Snapchat“ на корисниците им овозможува да видат на која локација се наоѓаат нивните пријатели, што за голем број луѓе е навлегување во приватноста.
„Фејсбук“ има слична функција, но наместо мапирање на локациите, ви кажува кога вашите пријатели се близу вас.
Функцијата е достапна преку мобилната апликација и го прикажува соседството каде што се наоѓаат вашите фејсбук-пријатели.
Функцијата е наречена „Nearby Friends“ и не се знае точно за што е нејзината намена. Секако, ако сакате некој да знае каде се наоѓате, ќе му испратите порака, сигурно нема да чекате „Фејсбук“ да ги извести каде сте.
Еве како да ја исклучите:
Копче за мени > Explore > Nearby Friends и притиснете го копчето за да ја исклучите опцијата.