X
 06.02.2018 Наука

Гледајте го онлајн приближувањето на два астероида до Земјата

Астероиди постојано поминуваат покрај Земјата. Денеска има информации за два новооткриени астероиди наречени „2018 CB“ и „2018 CC“, кои ќе се приближат повеќе до нас и до Месечината во текот на неделава. Се работи за релативно мали објекти, а „Виртуелниот телескоп“ ќе го следи нивното приближување во живо.


Астероидот „2018 CC“ ќе биде најблиску до Земјата на 6 февруари, на оддалеченост од 191,485 километри. Ова е 9. познат астероид што прелетува покрај Земјата за 1 лунарна дистанца од почетокот на годината, од 8 од 15 јануари, и прв во овој месец. Неговата најблиска точка до Земјата ќе биде постигната во 21:45 часот. Неговата брзина изнесува 10,5 километри во секунда.

Астероидот „2018 CB“ ќе биде најблиску до Земјата на 9 февруари, на оддалеченост од 0,17 лунарни дистанци или 64.327 километри. Ова е 10. познат астероид што прелетува покрај Земјата за 1 лунарна дистанца откако почна 2018 година. Ќе биде најблиску до Земјата во 10:47 часот, а брзината му изнесува приближно 8 километри во секунда.

Ќе има две следења во живо за „2018 CC“:

-    Од Ариозна, пренесувањето во живо е почнато на 6 февруари во 11 часот.
-    Од Италија, пренесувањето во живо почнува на 6 февруари, во 21 часот.

Следење во живо и за „2018 CB“:

-    Од Италија, почнува на 9 февруари, во 21 часот.
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука