X
 15.07.2023 Технологија

Погледнете го бизарниот и морничав трејлер за филмот „Хајди“ создаден од вештачката интелигенција

Трејлер создаден од вештачката интелигенција за филмот „Хајди“ стана вирален.

Швајцарскиот комичар и филмски продуцент Патрик Карпиченко, познат како Карпи, неодамна побарал од алатка за вештачка интелигенција да генерира трејлер за филмот „Хајди“.

Сите ја знаеме книгата „Хајди“ од Јохана Шпири за петгодишното девојче и нејзиниот дедо кои живеат на швајцарските Алпи. Книгата првпат била објавена во 1880 година и стана една од најпродаваните книги на сите времиња, како и филмот од 1937 година во кој глуми Ширли Темпл. Оттогаш се направени околу 25 филмски или телевизиски продукции.

Сега, прекрасната приказна за Хајди, со морничавите искривени лица и гротескните насмевки направени од вештачката интелигенција, стана една хорор-приказна, иако целта на Карпи беше да создаде трејлер за драма, а не хорор.

Ова можеби ќе ги смири стравовите на некои луѓе, бидејќи видеото генерирано од вештачката интелигенција е лишено од човечност, а достапните алатки за вештачка интелигенција се светлосни години далеку од создавањето нешто слично што може да го создаде човекот.

 

Извор: Euronews.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија