Светот е полн со места што повеќето луѓе никогаш немале шанса да ги видат. Затоа „Хуавеј“ ги покажа неоткриените убавини на помалку познатите локации благодарение на видеографичкиот дизајн на камерите „хуавеј П30 про“. Но, ова е само почеток, бидејќи секој може да ја следи оваа идеја.
Како организатор на наградите „Ин фокус 2019“, „Хуавеј“ верува дека се уметници сите оние што ја гледаат магијата во секојдневниот живот. „Хуавеј“ го создаде проектот „Неоткриено“ („Undiscovered“) за да ги поттикне луѓето да ја бараат скриената убавина на неочекувани места - места што претходно не биле фотографирани бидејќи нивната локација била далеку или бидејќи не биле сметани за толку убави како познатите туристички атракции.
Со континуиран развој на своите уреди и во потрага по врвни искуства со правење фотографии, „Хуавеј“ им оддава почест на сите љубители на фотографии и ветувачки таленти и го најавува натпреварот „Ин фокус 2019“.
Фото: Press
Натпреварот се состои од шест категории, вклучувајќи пет категории што се однесуваат на фотографија: Лица – експериментирање со идентитетот и моќта на портретот; б) #Емоционална ознака – изразување моментални емоции со помош на фотографија; в) Зграпчи го животот! – споделување на емоциите или инспирацијата во секојдневни доживувања; г) Патување – откривање нови места и нови доживувања, користејќи нови додатоци на камерата на телефонот, на пример, телеобјектив, многу широк агол или макрофотографирање; д) Илустриран приказ – раскажување приказна во 9 (девет) кадри, комплет од слики што се развиваат во значаен или интересен расказ; ѓ) Животот сега – снимање стории во помалку од 30 секунди.
Натпреварот е наменет за сите корисници на „Хуавеј“ што можат да ги испратат нивните дела во една од категориите преку веб-страницата на натпреварот. Пријавените фотографии ќе бидат изложени на веб-страницата, каде што кој било корисник на интернетот, вклучувајќи ги и учесниците во натпреварот, ќе има можност да гласа за своите омилени фотографии до 11 август 2019 година. Во наредната фаза најдобрите дела ќе ги оценува внимателно избран судски панел, кој ќе се состои од експерти и познати фотографи.
Победникот може да освои „гранд прикс хуавеј мејтбук 13“, часовник „вач џи-ти“ и 10.000 евра, код за ваучер од 250 долари за „Трип адвајсор“ и објавување на фотографијата една недела како слика на почетната страница на домените на „Трип адвајсор“: Полска, Данска, Австрија, Норвешка, Финска, Чешка, Грција, Унгарија, Израел, Србија, Словачка и Турција.
За добитниците на првата награда од секоја категорија - „хуавеј мејтбук 13“, часовник „вач џи-ти“, телефон „хуавеј П30 про“ и 2.000 евра, код за ваучер од 250 долари за „Трип адвајсор“
За добитниците на втората награда од секоја категорија ќе има телефон „хуавеј П30 про“, за добитниците на третата награда од секоја категорија ќе има телефон „хуавеј П30“, а за добитникот на наградата од публиката ќе има телефон „хуавеј П30 про“ и часовник „вач џи-ти“.
За подетални информации прочитајте ги правилaта и условите за натпреварот
ТУКА или посетете ја официјалната веб-страница на натпреварот
ТУКА.