X
 03.08.2018 Наука

Како ќе живееме на Марс? НАСА има некои решенија...



Од новата сонда „Инсајт“ (InSight), лансирана на почетокот на мај, преку плановите на Илон Маск и „Спејс екс“ за создавање човечка колонија, па сè до неодамнешните откритија за постоење течна вода – речиси секојдневно некој се занимава со Црвената планета.


Каменестата површина на Марс - илустрација
(Фото: Pixabay)


Освен лансирање сонди, НАСА прави и „хеликоптер“ што би можел да ја истражува површината на Марс, а неодамна заврши и конкурсот во кој од заинтересираните тимови ширум светот се бараше да смислат и да претстават тридимензионален печатен приказ на населбите во кои, еден ден, луѓето би можеле да живеат на Марс.

„Куќите“ направени со техниката печатење во 3D, смислена така што да може да се изградат на самото место, со минимални ресурси би морало да бидат доопремени од Земјата. Сите објекти мораат да обезбедат сигурен престој на луѓето на Марс, или дури и на Месечината.

Натпреварот почна уште во 2014 година. По изборот на петте финалисти, сите влегоа во следната фаза во којашто ќе мораат да ја докажат изведливоста на своите решенија, прво преку софтвер, а подоцна и во реални услови.

Пет од 18 пријавени тимови ќе поделат награда од 100.000 долари за своите иновативни решенија. Тие ќе мораат да изградат модели на своите населби во размер 1:3. Најдобриот тим ќе добие награда во висина од два милиони долари.

Во продолжение се наградените решенија:

1. „Tim Zopherus“ од Арканзас





2. „AI. SpaceFactory“ од Њујорк





3. „Kahn-Yates“ од Мисисипи





4. „SEArch+/Apis Cor“ од Њујорк






5. Универзитетот „Нортвестерн“ од Илиноис


Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука