X
 17.03.2019 Живот

Авиокомпании што забрануваат фотографирање во авион

Ако патувате некаде со авион, веројатно ќе посакате да се фотографирате и да го овековечите тој момент, па да го споделите на социјалните мрежи.

Но, токму тој нагон може да биде причина да ве исфрлат од авионот уште пред да полетате затоа што некои авиопревозници имаат правила за забрана за фотографирање во авиони, особено на други патници или членови на екипажот.

Блогерот Метју Клинт го почувствувал тоа на своја кожа. Тој во 2013 година бил исфрлен од авион на „Јунајтед ерлајнс“ откако го фотографирал своето седиште во авионот.

- Станува збор за безбедност и заштита на приватноста на екипажот и на патниците. Ова правило го воведовме во 2010 година - објаснија од компанијата.

Вакви правила најмногу има во американските авионски компании.

Така, ако некогаш патувате со „Американ ерлајнс“, „Јунајтед ерлајнс“ или „Делта“, воздржете се од фотографирање.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот