X
 15.07.2020 Живот

Најдобрите острови во светот за 2020

Веб-страницата „Травел енд лежр“ секоја година прави листа со најдобрите острови во светот. Листата е составена врз основа на анкета спроведена на читателите на веб-страницата, а островите се оценуваат според активности и атракции. Оваа година анкетата била затворена на 2 март, пред почетокот на пандемијата.



Фото: Палаван, Филипини/Pixabay

На листата има острови од шест континенти, а повеќе земји имаат два острова на листата, меѓу кои и Австралија, Тајланд, Француска Полинезија и САД. Грција има три острови на листата - Крит, Милос и Парос. На првото место се наоѓа Палаван, Филипини.

Најдобрите 25 острови во светот за 2020 според читателите на „Травел енд лежр“

1. Палаван, Филипини
2. Парос, Грција
3. Милос, Грција
4. Шри Ланка
5. Ко Ланта, Тајланд
6. Маврициус
7. Ангвила
8. Лангкави, Малезија
9. Сицилија, Италија
10. Галапагос, Еквадор
11. Азорски Острови, Португалија
12. Мауи, Хаваи
13. Хвар и островите во Далмација, Хрватска
14. Боракеј, Филипини
15. Крит, Грција
16. Кукови Острови
17. Бали, Индонезија
18. Моореја, Француска Полинезија
19. Тасманија, Австралија
20. Острови на Голем корален гребен, Австралија
21. Искја, Италија
22. Мајорка, Шпанија
23. Ко Самуи, Тајланд
24. Кауаи, Хаваи
25. Бора Бора, Француска Полинезија

Автор: Сара Клеменс
Извор: travelandleisure.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот