X
 15.08.2017 Забава

Сличностите помеѓу југословенските народи и народите на Вестерос - кој народ е сличен на Македонците?

Една хрватска веб-страница создаде теорија за тоа дека на писателот Џорџ Р.Р. Мартин главната инспирација за серијалот „Игра на троновите“ му била поранешна Југославија.

Мартин првата книга од серијалот „Песна за мраз и оган“ ја напишал помеѓу 1991 и 1996 година, во време кога војните на Балканот биле главна тема во медиумите.

Војната започна така што шест југословенски републики (седум ако Косово се смета за посебна територија) започнаа борба за самостојност.

Погледнете ги сличностите забележани помеѓу поранешните југословенски републики и народите на Вестерос.

Ланистер - Словенци; русокос богат народ кој секогаш мисли дека е подобар од другите.

Тајрел - Славонци кои имаат богата и плодна земја, секогаш се одлучувачки фактор, а никогаш во водство.

Грејџој - Далматници, луѓе кои се почитуваат еден со друг. Луѓе од морето.

Вејл - Црна Гора. Издвоена планинска територија што не може да се освои. Чудни семејни односи со синовите на прво место.

Дорн - Македонија, земја на југот. Имаат сонце на грбот, и секогаш се издвојувале од останатите. Темни згодни мажи, донекаде различни од останатите народи од поранешна Југославија.

Баратеон
- Босанците. Големи и весели луѓе кои се секогаш подготвени да изедат и испијат, а се сметаат за храбри и силни. Кралот Роберт е Тито, а после неговата смрт започнува распаѓањето на Седумте кралства.

Северот, каде што живеат Старк, е Србија - Храбри луѓе, борци за слобода, но некои ги сметаат диви и крути. Зад ѕидот живеат дивјаци кои го претставуваат Косово.

Тали - Војводина. Неутрална земја слична на Славонија која отсекогаш некако се наоѓа погодена од војните.

Таргариен - Еквивалент на Караѓорѓевиќи, кралско семејство во прогон.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава