Францускиот се смета за еден од најубавите јазици во светот без разлика дали станува збор за рецитирање поезија или критикување на политичарите - посетителите во оваа земја се воодушевени од романтичните призвуци на овој јазик.
Но, секој кој знае да зборува француски, знае и дека постојат фрази кои апсолутно немаат никаква смисла.
1. „Concier la bulle“
Буквален превод: Да се прицврсти балонот
Значење: Да не правиш ништо - ова може да важи за двочасовна пауза за ручек, четири-неделен летен одмор.
2. „Tomber dans les pommes“
Буквален превод: Да паднеш во јаболката.
Значење: Да се онесвестиш.
3.
„Avoir les dents du fond qui baignent“
Буквален превод: Да имаш умници кои пливаат.
Значење: Да се прејадиш - обично се користи после големите семејни гозби како што се Божиќ и Нова година.
4. „S’occuper de ses oignons“
Буквален превод: Да се погрижиш за сопствените кромиди.
Значење: Да си ја гледаш работата.
5. „C’est le petit Jésus en culotte de velours“
Буквален превод: Како бебето Исус да носи гаќи од кадифе
Значење: Ова вино е доста вкусно - иако понекогаш може се користи за да се опиши некое вкусно јадење, обично се користи за националниот пијалак.
6.
„Être sur son 31“
Буквален превод: Да бидеш во 31 година.
Значење: Да бидеш добро облечен.
7. „Rouler dans la farine“
Буквален превод: Да се прпелкаш во брашно
Значење: Да бидеш измамен - ако некој те измамил, тогаш тој те испрпелкал во брашно (те направил да изгледаш како будала).
8. „Avoir la gueule de bois“
Буквален превод: Да имаш лице од дрво.
Значење: Да се соочуваш со мамурлак - се однесува на сувата уста и неподносливото чувство на жед утрото после пијанството.
9. „Peigner la giraffe“
Превод: Да ја чешлаш жирафата.
Значење: Да се впуштиш во долга задача која нема цел. Всушност самиот идиом го доловува значењето: Зошто некогаш би се обидел да чешлаш жирафа?
10. „Donner sa langue au chat“
Буквален превод: Да му го дадеш јазикот на мачката.
Значење: Да се откажиш - да немаш повеќе идеи и да ја оставиш мачката да открие план.
11. „Courir sur le haricot“
Буквален превод: Да работиш на грав
Значење: Да го нервираш некој.
12. „Il y a quelque chose qui cloche“
Буквален превод: Нешто ѕвони.
Значење: Нешто не е во ред.
13. „Avoir un poil dans le main“
Буквален превод: Да имаш коса во твојата рака.
Значење: Да си мрзелив - обично за некој кој по секоја цена одбива да работи.
14. „Chercher la petite bête“
Буквален превод: Да го бараш малиот ѕвер.
Значење: Да бараш нешто за кое ќе се жалиш - еквивалентно на нашето: „Да бараш влакно во јајцето“.
15. „Il n’y a pas de quoi fouetter un chat“
Буквален превод: Нема причина да ја камшикуваш мачката.
Значење: Не е голема работа - всушност, никогаш не постои добра причина за да ја камшикуваш мачката и метафорички и поинаку.
16. „Avoir le cafard“
Буквален превод: Да ја имаш бубашвабата.
Значење: Да си во депресија.
17. „Raconter des salades“
Буквален превод: Да кажуваш салати.
Значење: Да кажуваш лаги.
18. „Ne pas être sorti de l’auberge“
Буквален превод: Да не си надвор од меаната.
Значење: Да се соочиш со комплициран проблем - проблем кој те задржува во локалниот хостел/меана.
19. „Avoir une araignée au plafond“
Буквален превод: Да имаш пајак на таванот.
Значење: Да бидеш чуден.
20. „Poser un lapin“
Буквален превод: Да поставиш зајак.
Значење: Да извисиш некого.