X
 15.09.2023 Живот

На денешен ден првпат бил употребен тенк

На 15 септември 1916 година, во Битката на Сома во Франција, првпат бил употребен тенк за борбени дејствија.

Битката на Сома е сојузничка офанзива во Првата светска војна.

Британските и француските сили тргнале во фронтален напад против германската армија, која била во ровови северно од реката Сома во Франција. Една недела британските сили ги бомбардирале сè уште непомрднатите германски позиции. Првиот ден настрадале 60.000 британски војници, од кои 20.000 загинале. Офанзивата постепено преминала во исцрпувачка битка затоа што врнеле силни октомвриски дождови, кои го направиле калливото поле непроодно. Пред да заврши битката, сојузниците напреднале само 8 км. Загубите биле огромни: 650.000 на германска страна, 420.000 на британска страна и 195.000 на француска. Оваа битка станала метафора за залуден и дискриминаторски колеж.

Оваа битка е екранизирана во филмот кој годинава доби „Оскар“, „На запад ништо ново“ (All Quiet on the Western Front).

Извор: Википедија

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот