X
 27.08.2018 Живот

Распаѓањето на Југославија уништило договор од милијарда долари

Гордоста на поранешната југословенска воена индустрија - тенкот „М 84“ и денес привлекува големо внимание. Освен земјите во регионот го користи и Кувајт, а и други земји го сакаа токму овој тенк. Но, распаѓањето на СФРЈ влијаеше врз пропаѓањето на еден од најпрофитабилните бизниси на земјата - продажбата на тенкот „М 84“ и лиценцата на Пакистан што се одвиваше во голема тајност.

Зошто баш Пакистан?


Поради постојаните проблеми со Индија, Пакистан мораше да набави модерно оружје. Кога стана јасно дека Индија почнува со развој на сопствен тенк, врз основа на советската лиценца за тенкот „Т-72М“, Пакистан сфати дека неговите тенкови не можат да му конкурираат на тенкот „Т-72“. Поради тоа, воената делегација на Пакистан почна да бара соодветна понуда за купување или откуп на лиценца на современ тенк (Русија, Украина, Кина, САД).

1
Фото: Wikipedia


Бидејќи обидот за соработка со Кина не се чинел ветувачки, Пакистанците преку посредници дознале и за југословенскиот тенк „М 84“, па одлучиле да го тестираат.

Во 1990 година, во Пакистан, во тајност била донесена група од офицери и подофицери за Југославија да не се замери со Индијците, со кои имала одлична соработка. Во периодот од 25 јули до 7 септември 1990 година со југословенската делегација во оваа азиска земја биле испратени два тенка - П1 и П2, да ги демонстрираат своите воени капацитети во одредени климатски услови. Требало и да се обучи пакистанскиот екипаж за ракување со тенкот „М-84А“.

Посетата започнала со разговор за тенкот „М 84“, а ѝ било дадено посебно значење бидејќи делегацијата била примена од началникот на генералштабот. Пред него и неговите соработници била одржана презентација.

По завршувањето на состанокот било наредено да се тестира тенкот.

3
Фото: Wikipedia


И двата „М 84“ биле тестирани за песочна и мочуришна земја и со нив биле поминати 1.600 километри при температура од 45 до 50 Целзиусови степени.

При возењето по песок низ пустина се кренала голема прашина, но не дошло до ниту еден дефект на тенкот, а чистењето на филтерот за воздух било направено по 800 километри возење. На останатите уреди на тенкот немало никакви дефекти, ниту потреба за интервенција од механичарите. Единствено била потребна промена на еден браник што се скршил кога тенкот го возел пакистански војник и удрил во дрво, што било реткост во таква средина.

Биле детално извршени тестови за совладување водни пречки и други проверки на способности за маневрирање. Од тенковите било изведено и пукање од вметната цевка од 12,7 милиметри. Пукањето од топ со муниција од 125 милиметри било изведено и дење и ноќе, на мети што стојат и на мети што се движат од 1.700 до 2.290 метри далечина, а навечер сите три вида проектили на далечина од 970 до 1.365 метри.

Командантот на тенковската дивизија, генералот Махмуд А. Дурани, пукал од 1.700 метри далечина. За време на тестирањето биле испукани 117 проектили.

4
Фото: Pixsell


Исто така, од сите радиостаници со кои требало да бидат опремени пакистанските тенкови најдобро се покажала југословенската радиостаница, Чајевачка, РУТ-1, односно ПД9, па веднаш почнале со нарачка за неа.

- Запознаен сум со резултатите од испитувањето и по анализата на тенкот можам да кажам дека имате одличен тенк. Ќе настојуваме да го добиеме што поскоро - изјави тогашниот пакистански министер за одбрана.

Инаку, Пакистанците го тестирале и американскиот „М1А1 Абрамс“, а според изјавите од страна на пакистанските офицери, имал многубројни пропусти и недостатоци, и покажал послаба прецизност во пукањето. Некои пакистански официјални лица изјавиле дека „М1А1 Абрамс“ не покажал ни 10 отсто од она што го покажал „М-84А“, па југословенскиот тенк го засакале како свој.

Во Белград, кон крајот на 90-тите години, се разговарало за набавката на „М-84А“ и нивното производство во Пакистан. Пакистанците биле заинтересирани да купат 250 тенка.

5
Фото: Pixsell


- Од душа го засакавме. Зборувам како генерал. Пукав со три проектили и ги погодив сите три мети. Мислам дека „М-84А“ е најдоброто решение за пакистанската армија, па ќе предложам да се склучи договор за купување на тенкот - изјави генералот Дурани.

За жал, договорот што би ѝ донел на СФРЈ речиси 1 милијарда долари не бил потпишан бидејќи имало несогласување за плаќањето преку размена на стоки, па СФРЈ не сакала да прифати. Во меѓувреме дошло до распаѓање на СФРЈ, па Пакистан ја продолжил соработката со Кина.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот