X
 15.10.2021 Живот

Job Fair 2021 - Чекор поблиску до твојата кариера

Продолжувајќи ја успешната шеснаесетгодишна традиција на Job Fair, настан организиран од страна на Бордот на Европски студенти по технологија (БЕСТ) - Скопје, ви го најавуваме седумнаесеттото издание на Саемот за вработување и кариера, и оваа година во компактно, виртуелно издание. Ве покануваме да бидете дел од овој настан во кој ќе бидат вклучени студенти и компании од техничката сфера.
Job Fair се гордее што веќе седумнаесет години за сè повеќе студенти претставува вистински чекор кон посакуваната кариера. Тимот на БЕСТ Скопје ве охрабрува да дознаете повеќе за Job Fair и да го посетите виртуелниот настан кој ќе се одржи од 1 до 19 ноември.


Што е всушност Job Fair?

Job Fair, како еден од најголемите настани што ги организира БЕСТ – Скопје, нуди можност студентите на интересен и интерактивен начин да се запознаат со работата и визијата на партнер-компаниите, со цел да се олесни потрагата по работно место кое е поврзано со нивната сфера на студии. Дополнително компаниите имаат шанса да стапат во контакт со младите преку рафинираната CV датабаза што Job Fair им ја нуди на техничките компании. Но, тоа не е сѐ. Имено, студентите оставаат CV на нашата веб-страница и имаат можност да станат дел од многуте студенти кои преку Job Fair ја имаат пронајдено нивната идеална пракса.
На овој начин студентите имаат можност да бидат повикани на интервју за работа и да започнат ново поглавје во нивниот професионален живот.

Што може да очекувате од настанот?


Networking настани

Networking настаните се најдобриот начин за студентите да се запознаат со партнер-компаниите, како и да дознаат за сè што партнер-компаниите можат да им го понудат на идните практиканти и вработени.

Вебинари

Вебинарите се многу важен дел од виртуелното издание на Job Fair. Тие постојат со цел студентите да можат да го надополнат своето знаење за релевантни теми од техничкиот свет, како и што подобро да се запознаат со интересите и културата на нашите партнер-компании.

Поволно место за поставување прашања

Job Fair се залага да им понуди што повеќе можности на студентите и младите луѓе кои се интересираат да влезат на пазарот на трудот. За таа цел, инфосостаноците и вебинарите претставуваат поволна можност за поставување релевантни прашања во однос на пракса, вработување, културите на компаниите и многу други прашања со цел студентите да го направат најдобриот избор при одбирање на својата пракса или вработување.

Тимот на БЕСТ- Скопје ве поканува на седумнаесеттото издание на Job Fair, кое ќе се одржи од 1 до 19 ноември.
Доколку сакате да дознаете нешто повеќе, ве охрабруваме да ја посетите веб-страницата на Job Fair www.vjobfair.org.mk, како и да ги следите најновите информации на нашите социјални медиуми.
Facebook: https://www.facebook.com/JobFair.mk
Instagram: https://www.instagram.com/jobfair.mk/
LinkedIn: https://mk.linkedin.com/company/best-skopje

Не двоумете се и преземете го следниот чекор!
Оставете CV на www.vjobfair.org.mk и учествувајте на Job Fair - Cаемот за вработување и кариера!

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот