X
 26.09.2015 Образование

БЕСТ Скопје организира културна размена со студенти од цела Европа

Студентската организација Борд на Европски студенти по технологија - БЕСТ Скопје организира нов настан под името „OHrid JAM“ кој ќе се одржи во Охрид од 2-ри до 5-ти октомври. Сите студенти ќе бидат сместени во хотел Бетон, со кој БЕСТ Скопје воспостави одлична соработка за престојниот настан.




Настанот претставува културна размена со студенти од техничките факлутети од 33 земји во Европа. На оваа културна размена ќе учествуваат околу 150 студенти кои ќе имаат цели 3 дена да се запознаат со природните убавини на Македонија, каде што главен акцент ќе се стави на културата и традицијата на градот Охрид.

Преку најразлични дневни и ноќни активности, како шетање низ градот Охрид, крстарење со брод по Охридското Езеро, интернационални вечери и слично, студентите ќе имаат прилика поблиску да се запознаат со голем број на македонски традиции и обичаи, фолклор, верувања и да разменат искуства со студентите од Македонија, кои воедно се членови на студентската организација БЕСТ Скопје.

БЕСТ- Борд на Европски Студенти по Технологија е непрофитна и неполитичка организација која на студентите им дава можност да го да го прошират своето знаење за теми кои го надополнуваат нивното образование преку организирање академски курсеви, инженерски натпревари, симпозиуми за едукација, тренинзи и културни размени. Од друга страна, БЕСТ исто така се стреми да го прошири пазарот на трудот преку саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование