X
 06.06.2018 Образование

Летен академски курс организиран од БЕСТ

БЕСТ (Борд на Европски Студенти по Технологија) претставува непрофитна и неполитичка организација која на студентите им овозможува да го надоградат своето знаење со теми со кои ќе го надополнат образованието преку организирање на курсеви, технички натпревари, едукативни симпозиуми, тренинзи и размени на студенти. Исто така, БЕСТ Скопје покажува стремеж за проширување во пазарот на трудот со организирање на саеми за вработување и кариера, работилници, воедно и водење на интернационален центар за кариера.

БЕСТ Скопје оваа година е во соработка со Факултетот за Информатички Науки и Компјутерско Инженерство (ФИНКИ). Темата на овогодинешниот курс е од областа на веб технологиите.

best

На овој курс имаме околу 40 учесници, од кои една половина се студенти од цела Европа, додека другата половина се локални студенти. Ќе се слушаат предавања од искусни професори од ФИНКИ и предавачи од врвни компании кои се блиски со темата.

Меѓународниот Летен Академски Курс ќе трае од 27 јуни до 7 јули, а на самиот крај учесниците ќе полагаат завршен испит преку кој се стекнуваат со соодветен сертификат.

Заинтересираните студенти при УКИМ кои имаат желба за едно прекрасно летно искуство и надополнување на нивното знаење можат да аплицираат како локални учесници на курсот со пополнување на следната ФОРМА најкасно до 10 јуни.

Сепак, Летниот Академски Курс не е само од образовен,туку и од културен карактер. Културното значење на курсот е во разновидноста на културите и традициите кои европските учесници ги претставуваат. При организирање на голем број на активности во Скопје, но највпечатливо од нив е викенд патување во Струга и Охрид, учесниците ќе се запознаат одблиску со богатата култура и историја на Македонија, како и различните значајни традиции, обичаи и знаменитости, разменувајќи ги и сопствените.

Овој настан ни помага подобро да се запознаеме меѓусебно, како и ни овозможува ширење на нови пријателства и незаборавни доживувања и спомени низ цела Европа.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование