X
 15.11.2017 Наука

Мистериозната „зона на сенката“ во Тихиот Океан

„Зоната на сенката“ се наоѓа на околу 2 километра под површината во океанска бездна, каде што „заробената“ вода датира уште од 4 век. Античката вода, која е помеѓу 1000 и 2000 години стара, е од времето кога античкото германско племе Готи го поттикнало крајот на Западното Римско Царство и развојот на средновековна Европа. 

Местото се наоѓа на 6.000 километри од северниот дел на Тихиот Океан. Причината поради која постои ова место е мистерија. Локацијата е откриена пред некое време, но научниците уште не знаат зошто се наоѓа токму тука. Интернационален тим на истражувачи сега утврдил дека зоната е спречена од циркулирање во нагорна линија, за да оствари контакт со атмосферата од страна на обликот на морското дно. Зоната речиси и да нема некое вертикално движење бидејќи постојат фактори кои ја спречуваат во тоа. Зоната лежи помеѓу растечки струи предизвикани од груба топографија и извори на геотермална топлина под 2,5 километра и плиткиот ветер воден од струите поблиску до површината.

Ниската оксидација на зоната значи дека подморскиот живот е забранет, но не е целосно отсутен. Атлантскиот и Индискиот Океан исто така имаат „зона на сенка“, но од помладо потекло, додека водите на Антарктикот имаат високо ниво на кислородна содржина.

Истражувачите се надеваат дека нивната работа ќе им помогне на другите научници да го разберат капацитетот на океаните за апсорбирање на топлината заробена од растот на стакленичките гасови.
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука