X
 15.11.2018 Култура

Исланд - земја во која може да работат 13-годишници

Властите на Исланд соопштија дека е сѐ поголем бројот на малолетни лица во земјата што стапиле на пазарот на трудот.

Како што наведуваат исландските медиуми, во 2011 година платена работа извршувале 56 отсто од 17-годишниците, а во 2018 година нивниот број пораснал на 68 отсто.

На конференцијата одржана во организација на омбудсманот во оваа земја било кажано дека економската криза од 2008 година значајно ја намалила стапката на вработеност на малолетни лица, но по кризата на пазарот на трудот сѐ поголем е бројот на тинејџери од 16 и 17 години.

Инаку, малолетните лица во оваа земја можат да работат уште од нивната 13. година, а нивната стапка на вработеност секоја година бележи раст. Според последните податоци, 13 отсто од 13-годишните деца извршуваат одредена платена работа, како и 21 отсто од 14-годишниците, 45 отсто од 15-годишниците и 59 отсто од 16-годишниците. Повеќето малолетни лица на возраст од 14 до 17 години се вработени во трговскиот сектор на големо и мало или во рестораните и хотелите.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура