X
 04.07.2015 Живот

Зошто Данците се толку среќни и задоволни на работа?

Додека на некои им е тажно и депресивно, на други им е весело. Работата на многу луѓе им претставува нужно зло и не уживаат додека ја работат, додека други ги исполнува и ги прави среќни.

 

данци


Споредувајќи ги работодавците и задоволството на вработените низ светот, се покажа дека Данска се наоѓа на самиот врв, а луѓето се и тоа како задоволни со својата работа, работната атмосфера и можностите кои им се нудат.

Иако постојат исклучоци секаде низ светот, сепак ова се главните причини зошто е добро да се биде (не)вработен во Данска.

1. Разумно работно време


Данците сфатија дека прекувремените часови на работниците имаат негативни ефекти, како за вработените така и за работодавците. Доколку се прави една споредба, Американците работат 1.790 часа годишно, во однос на Данска кои на работа поминуваат 1.540 часа - сепак, Американците се помалку продуктивни и значително незадоволни со својата работа. И додека Американците прекувремените часови ги сметаат за доказ за својата посветеност и успешност, Данците ги сметаат за неефективни и недостаток на организација и водење на работата.

2. Шефот е одговорен но не е „главен“

Во поголемиот дел земји на запад хиерархијата е доста јасна и шефот е авторитетот. Но, во Данска ситуацијата не е толку црно-бела. Данците на работа имаат значително повеќе автономија, почесто учествуваат во одлуките кои се однесуваат за работата и секогаш се добредојдени нивните предлози и идеи за унапредување на работата.

3. Доколку останат без работа имаат бенефиции

Загубата на работата во Данска не е толку голем проблем како во нашата земја, бидејќи во наредните две години тие примаат 90% од платата, што им остава доволно простор и време да се снајдат и да го реорганизираат животот.

4. Вложуваат во своите вработени


Уште од 19 век, Данците ја сфатија важноста на доживотното учење и од тогаш во него постојано инвестираат. Од платени обуки, семинари и вмрежување па се` до можностите за различни форми на преквалификација и советување при избор на студии.

5. Среќни на работа


Меѓу разликите, тука е и јазикот кој има или нема зборови кои означуваат одредени поими. Додека јапонскиот јазик има збор „кароши“ кој значи уморен на работа, Данците го имаат зборот „аrbejdsglæde“ што значи „среќен на работа“. ОВде зборовите прават голема разлика - како во вокабуларот, така и во пристапот кон работата и очекувањата од неа.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот