X
 04.12.2021 Живот

Помладите генерации повеќе сакаат да патуваат до работа, постарите сакаат работа од дома

Припадниците на генерацијата З, односно лицата родени во периодот од 1997 до 2012 година, повеќе сакаат да одат на работа со автомобил. Од друга страна, оние на возраст над 45 години не го смениле ставот за патување до работното место и претпочитаат работа од дома. Ова го покажува анкета спроведена на 1.200 луѓе во Австралија и Нов Зеланд.

Според анкетата спроведена од веб-страницата „Хир“, 43 отсто од лицата на возраст од 18 до 24 години изјавиле дека порано не сакале да патуваат до работа, но сега сакаат. Од испитаниците на возраст од 35 до 44 години, 39 отсто изјавиле дека не сакаат да патуваат до работа. Одговорите биле мешани во групата испитаници на возраст од 25 до 34 години.


Фото: Pixabay

Анкетарите изјавиле дека помладите генерации повеќе сакале да се вратат во канцеларија за да се социјализираат во професионална околина, додека постарите повеќе сакале да работат од дома и да поминуваат повеќе време со пријателите и семејството.

Околу 80 отсто од испитаниците патувале до работа со автомобил. Пред пандемијата, 44 отсто од сите испитаници сметале дека е прифатливо да се патува до работното место 20-40 минути. Овој процент се намалил на 39 отсто во септември годинава.

Ставовите за патување до работа не се смениле за време на пандемијата кај испитаниците што пешачат или возат велосипед до работното место.

Извор: World Economic Forum
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот