Дали знаете дека мажите повеќе го сакаат Божиќ од жените?
Кога станува збор за божиќниот дух, не се сите еднакви, а студијата спроведена од компанијата „Гринберг куинлан роснер рисрч“ дојде до заклучок дека мажите повеќе го претпочитаат овој период од годината отколку жените и дека се помалку под стрес за Божиќ.
Според истражувањето, излегува дека мажите се прилично опуштени, додека жените се далеку позагрижени за домаќинството, чистењето и очекувањата од празниците. Еве што откри едно истражување за мажите и жените за време на празничната сезона и зошто мажите повеќе го сакаат Божиќ.
1. Мажите се помалку загрижени
Луѓето се загрижени за празниците и стресот се зголемува за 38 отсто. Сепак, 54 отсто од луѓето велат дека не чувствуваат разлика во количината на стрес што го доживуваат. За жал, жените имаат најголем стрес. 44 отсто од нив рекле дека се под поголем стрес за време на празниците, додека 31 отсто од мажите го кажале истото.
Жените велат дека им е потешко да се релаксираат за време на празниците бидејќи сакаат да ги преземат сите задачи поврзани со семејните прослави, како што се пазарење, готвење и чистење.
2. Мажите и жените имаат различни извори на стрес
И мажите и жените чувствуваат обврска кон семејството за време на празниците. 49 отсто од мажите и 51 отсто од жените се согласуваат дека треба да се погрижат сите во нивното семејство да бидат среќни во тој период од годината. Меѓутоа, кога станува збор за семејните обврски, постојат разлики.
Жените велат дека е многу поголема веројатноста да го преземат товарот. 70 отсто од жените ги извршуваат обврските низ домот за време на празниците, додека само 41 отсто од мажите го прават истото.
А кој е изворот на стрес кај мажите? Гледање фудбал, при што 46 отсто од мажите се одлучиле да го гледаат за време на празниците, во споредба со само 26 отсто од жените.
3. Мажите почесто се опуштаат
Мажите многу почесто се опуштаат за време на празниците отколку жените. 41 отсто од мажите мислат дека можат да се релаксираат за време на празниците, додека само 27 отсто од жените се чувствуваат така.
4. Сите ги сакаат празниците
И покрај стресот, многу луѓе тврдат дека едвај ја чекаат празничната сезона. За време на празниците луѓето чувствуваат многу позитивни емоции, како среќа, љубов и добро расположение.
Извор:
Yourtango.com
Фото: Freepik