X
 25.12.2020 Живот

Да се потсетиме на најубавите божиќни пазари во Европа

Планиравте да посетите некои од европските новогодишни и божиќни пазари? Ќе почекате до наредниот декември бидејќи коронавирусот ги уништи плановите.

Сепак, можеме да се потсетиме на магичните моменти што ги носат овие маркети секој декември. Во продолжение се најубавите божиќни пазари во Европа што во наредните години мора да ги посетите.

Магичната Будимпешта



Најголемото 3Д лајт-шоу на Стариот Континент привлекува многу туристи, баш како и тезгите со национална храна и пијалак. Тука секогаш може да се најдат подароци, а Будимпешта се издвојува по тоа што нејзиниот божиќен пазар е еколошки. Сето она што ќе остане се рециклира.


Прекрасната Виена


Во Виена за време на божиќните празници секогаш е магично, а таков е и неговиот божиќен пазар.


Пржени бадеми, мирисот на варено вино, крофните и други работи може да се најдат на плоштадот „Марија Терезија“.

Гдањск за романтичните души



Еден од најевтините градови во Европа, а велат дека е и најромантичен. Ако сакате да уживате во уникатна бајка, тогаш треба да го посетите овој град и неговиот божиќен пазар.

Бајка од Прага

Кој го посетил божиќниот пазар во Прага, со право може да каже дека имал среќа. Овој чешки град секогаш е убав, но кога ќе падне првиот снег и кога доаѓаат новогодишните празници, навистина ќе се чувствувате како да сте во бајка.


Нема што нема. Расположението го подигнуваат и уличните музичари, детскиот хор, неверојатните концерти во црквите, печената шунка, колбасите на жар, трделник и многу други работи.

Минхен и љубовта во воздух

Ѕвезди, снежни топки, дрвени фигури, свеќи, волнени капи и љубовта во воздухот можете да ги почувствувате на сите 20 божиќни пазари во Минхен што традиционално се одржуваат веќе 500 години.


Москва и нејзините 34 божиќни пазари


Секоја година на 16 декември во Москва се отвораат 34 божиќни пазари. Не треба многу да се зборува колку убаво изгледа Црвениот плоштад токму за време на новогодишните и божиќните празници. Ова е совршено место за купување сувенири типични за Русија.


Извор: Stil.kurir.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот