X
 07.01.2016 Живот

Првиот тест за бременост со апликација и bluetooth

Оние три минути додека чекате тестот за бременост да ви открие една или две цртички се навистина стресни. Истото се однесува и за анксиозноста поврзана со следењето на вашите денови на овулација и кога е најдобро време да забремените.

 

тест


Но, дигиталниот тест за бременост кој работи заедно со апликација, има за цел целиот процес да го направи помалку застрашувачки, благодарение на малку повеќе автоматизација,

Компанијата за тест за бременост „First responce“ го најави првиот тест за бременост кој има Bluetooth, и се синхронизира со една апликација во која се наоѓаат сите резултати и датуми на едно место.

Наречен „First response pregnancy pro stick“, тестот е еден вид на ажурирање на апликацијата „Cycle & Ovulation“ со најновите резултати во вистинско време. Со оглед на тоа што голем број тестови за бременост често пати се користат за откривање на хормонот хуман хорионски гонадотропин (hCG), кој се наоѓа во урината на бремените жени, го забележува хормонот порано и и` овозможува на жената да знае порано, со што иницира пренатална нега колку што е можно побрзо.

Голем број жени користат апликации за бременост и овулација за да ги следат нивните циклуси на овулација и нивните најплодни периоди; покрај тоа 63% од нив користат повеќе паметни телефони за време на бременоста, па поради сето ова компанијата дојде до оваа идеја.

 

бременост


Стапчето за проверка на бременоста доаѓа заедно со апликацијата, со што им овозможува на жените да ги утврдат нивните најплодни денови, врз основа на информациите додадени од корисниците. Апликациите исто така складираат статии, совети и извори, како и видеа и други визуелни елементи за одвлекување на вниманието додека жените ги чекаат резултатите.

Апликацијата може да се користи и за друго; постојат и алатки за предвидување на рокот на пораѓање, можност за поставување на прашања на доктор, потсетници за состаноци и новости за растењето на бебето.

Како традиционален тест за бременост, овој тест може да се искористи само еднаш. Додека обичните тестови чинат од 9 долари до 16 долари, овој тест со Bluetooth чини помеѓу 15 и 22 долари.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот