X
 13.07.2016 Технологија

Апликации за шпионирање на Viber и Facebook

Viber е една од најпопуларните апликации за повици и текстуални пораки. Достапен е на сите мобилни платофрми. Бесплатен е и достапен за сите, а во светот го користат 250 милиони луѓе. 

 

апликации


Масовната распространетост доведе до создавање на неколку софтвери кои се компатибилни со Viber, а служат за шпионирање на туѓи разговори.

Компаниите за развој на овие софтвери своите производи ги намениле пред се' за родителите за да можат да ги следат своите деца - со кој и како е допишуваат. Но, како и се' останато, и овие апликации се подложни за злоупотреба.

Заедничкото име им е SpyApps, а со нивна помош можете да следите нечии разговори преку Viber. Ова се некои од начините на кои можете да ја следите туѓата комуникација на Viber, без оглед дали таа се одвива на мобилен, таблет или декстоп компјутер.

TheTruthSpy


Оваа апликација овозможува да го следите движењето на одреден мобилен уред. Инсталацијата е прилично User Friendly, а работи во инкогнито режим, па така оној кој го следите воопшто нема да знае дека тоа го правите.

mSpy

Ова е една од најпопуларните апликации за шпионирање на Viber разговорите. Ви дозволува да ги проверите сите разговори и пораки, а притоа да не бидете поврзани со друг уред.

Апликацијата ви ги дава сите потребни детали за Viber историјата на корисникот, а може да се интегрира и во WhatsApp. Дава податоци за локациите, интернет историјата, повиците, пораките и сето она што некој прави на неговиот телефон.

Корпорациите редовно го користат како и родителите - но оваа апликација и доста се злоупотребува.

SpyEra

Апликацијата не може да се открие на мобилен телефон, а таа исто така на едно место ги собира сите информации за нечиј телефон. SpyEra има неколку опции, вклучувајќи и Control Panel - а овој софтвер како информации ви донесува и точни данови и часови кога нешто се случило на друг телефон.

Хакнатиот материјал преку оваа апликација се собира на едно место.

Copy9

Далеку најпопуларна апликација за шпионирање, а дизајнирана е како хакерска алатка. Постојат неколку верзии кои можат да се пронајдат, а постојат верзии и за Viber, WhatsApp, Facebook и Instant Messenger.

Постои верзија и за снимање на повиците и овозможува целосен увид во телефонот на личноста која сакате да ја шпионирате.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија