X
 06.03.2015 Забава

Интересен тест: Колку бои можете да изброите?

Сино-црно-златно-белиот фустан изминативе денови беше главна тема на интернет.

 

1


Фустанот докажа дека видот и начинот на кој нашиот мозок интерпретира одредени информации зависи од личност до личност.

Експертот за невромаркетинг Диана Дервал постави интересна фотографија (фотографијата погоре) со главните бои на видлив спектар. Таа го поставува предизвикот луѓето да пребројат колку бои гледаат. Исто така, таа објаснува дека бројот зависи од количината и распределбата на рецепторите за боја во нашето око - за повеќето луѓе се движи од 2 до 4, со одредени аномалии.

Доколку изброивте помалку од 20 бои, тоа значи дека сте дихромат и спаѓате во 25% од светската популација која има само два видови на рецепторсни бои. Дихроматите често носат црна, кремова или сина облека. Ако изброивте од 20 до 33 бои тогаш спаѓате во трихромати односно, вашето око содржи три видови на рецепторни бои и со тоа спаѓате во 50% од светската популација. На крајот, ако сте изброиле 33 до 39 бои, што е и точниот број на сликата, може да се сметате за тетрахромат и спаѓате во 25% од светската популација. Овие личности ги иритира жолтата боја, а на неодамнешниот тест со фустанот скоро сите го видоа во сино-црна комбинација.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава