Во средата, „Netflix“ објавија проширување на својот сервис низ светот.
Само три земји не добија пристап: Кина, Северна Кореја и Сирија. Има уште едно место кое нема да добие пристап до услугите на „Netflix“. Тоа е Крим во Украина.
Зошто овие четири места?
Според компанијата, се работи на наоѓање начин на носење на сервисот во Кина, но засега тоа не е возможно.
Според Адам Минтер од „Bloomberg“, цензурите и регулациите на медиумите од страна на владата во Кина им отежнуваат на странските компании да функционираат во земјата.
Другите три земји се блокирани поради владини санкции од страна на САД.