X
 21.12.2017 Култура

Најдобрите и најлошите серии во 2017 година

Сериите се неизбежен дел од животот на љубителите на филмот. Земајќи го тоа предвид, веб-страницата „Ајо9“ ги избра најдобрите и најлошите серии за оваа година.

Најдобрите серии


1. „American Gоds“



Смела, храбра серија што ги поместува границите. Станува збор за адаптација на романот „Starz“ од Нил Гајман од 2001 година, во кој се раскажува за фигури од митологијата што започнуваат да навлегуваат во човечкиот свет.

2. „Legion“



Серијата се базира на ликот од „Марвел Комикс“, Дејвид Халер. Халер е мутант на кој му е дијагностицирана шизофренија уште на рана возраст. Меѓутоа, по една чудна средба тој открива дека има посебни моќи што ќе му го променат животот засекогаш.

3. „Rick and Morty“



Единственото анимирано шоу што се најде на листата. Станува збор за анимирана научнофантастична серија за Рик Санчез. Санчез, кој се водел за исчезнат повеќе од 20 години, наеднаш се појавува на вратата на неговата ќерка Бет за да се пресели да живее со нејзиното семејство.

4. „Twin Peaks: The Return“




Пред две и пол децении, откако „Twin Peaks“ ја доживеа премиерата, Дејвид Линч вети дека повторно ќе го посети „убавото и чудно место“. 18-тата епизода од третата сезона на оваа култна серија беше навистина убава и чудна, но исто така беше надреална, застрашувачка и урнебесна. Како што „Twin Peaks: The Return“ го прошири својот опсег надвор од малиот град во северозападниот дел на Пацификот, серијата го прошири нашето разбирање за тоа што може една ТВ-серија да постигне, и уметнички и со нејзината сложена приказна.

5. „Legends of Tomorrow“




Станува збор за една од најдобрите СФ-серии за суперхерои. Во третата сезона Рип Хантер го создаде Временското биро за да помогне да се поправат анахронизмите што се шират низ времето. Но Легендите, кои се вратија во „нормалниот“ живот, станаа желни за авантури кога ги открија анахронизмите.

6. „The Handmaid’s Tale“



Неверојатно е тоа што дистопискиот роман на Маргарет Атвуд бил објавен во 1985 година, бидејќи адаптацијата на приказната се чини како совршена во 2017 година. Серијата е неверојатно добро изработена на сите нивоа, и зацврстена со неверојатната изведба на Елизабет Мос.

7. „Runaways“



„Runaway“ навистина им ги украде срцата на фановите. Серијата ги носи гледачите низ емоционално патување на шест тинејџери кои откриваат дека нивните родители се негативци.

8. „The Expanse“



Стотици години после нас, во иднината, работите се доста поразлични откако луѓето ги колонизирале Сончевиот Систем и Марс и станале независна воена сила. Растечките тензии помеѓу Земјата и Марс ги довеле на раб од војна.

9. „Doctor Who“




Британската научнофантастична серија уште од 2005 ги освојува фановите во светот. Оваа година серијата имаше една од најосвежувачките и највозбудливите сезони. За ова делумно беше заслужна неверојатната изведба на Питер Капалди во улогата на страсниот наставник.

10. „The Gifted“



Серијата е редок вид жанр, а и покрај логиката е неверојатно паметна, има стил, добро е изведена и доволно самоуверена за да ги задоволи фановите. Серијата ја синтетизира суштината за тоа што ги прави мутантите на „Марвел“ толку привлечни и релевантни ликови.

Најлошите ТВ-серии

1. „Iron Fist“



Постоеја високи надежи за „Iron Fist“, не само поради квалитетот на неговите претходници туку и поради тоа што на „Марвел“ му понуди шанса да стане навистина суперхеројски, доведувајќи го мистичниот и магичниот агол на стриповите во „Нетфликс“.

2. „Inhumans“



Ги знаете оние големи проекти што наставниците обично ги најавуваат на почетокот на учебната година, но ве предупредуваат дека треба да започнете уште сега да размислувате иако проектот ќе се случи на крајот од полугодието? На почеток, вашиот ум е полн со страст и креативност како што си го замислувате неверојатното ремек-дело. Но како што неделите поминуваат, така проектот го одложувате, па кога ќе дојде датумот, сфаќате дека не сте вложиле воопшто напор, па ремек-делото се претворило во нешто ужасно. Токму тоа е оваа серија.

3. „The Mist“




Првите неколку епизоди од оваа ТВ-серија беа навистина интригантни, како што злобната магла започна да создава хаос во едно мало гратче. Сепак, по некое време сфаќате дека станува збор за фрустрирачка драма со досадна и иритантна приказна.

4. „Blood Drive“



Приказна за брутална трка во која автомобилите се напојуваат со крв. Добра идеја, но прилично лоша реализација.

5. „American Horror Story: Cult“



Долгата
антологија на Рајан Марфи секогаш успева да ги шокира и изненади гледачите, но ова не беше случај и со „American Horror Story: Cult“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура