X
 08.01.2016 Култура

Писмо до штотуку родените деца од Душко Радовиќ

„Меѓу нашите деца има многу сиромашни, на кои освен пари, родителите не можеле да им дадат ништо друго“ - Душко Радовиќ.


„Кога ќе дојдат верските празници и ноќите во кои го славиме раѓањето на оние во кои веруваме или не, ќе се родат многу деца и кај нас и во светот. Знам дека сте уште мали, но ќе оставам по едно писменце до главата и можеби нешто ќе остане, некаде далеку во умот.

Кога тргнав на училиште, песната која не ја научив добро тој ден ја ставав под перница и ја сонував цела ноќ. Наутро стиховите сами ми доаѓаа.

Вие сите сега сте исти, а тоа се единствените моменти во вашите животи кога тоа ќе биде така. Имате исти кревети, некој има малку повеќе грами, некој центиметар помалку. Некој има малку повеќе косичка. Но, систе сте превиени како „кифли“.

Нечија мајка има повеќе млеко, а некој веќе сега се соочува со недостигот на тој артикл. Разликите, за жал, ќе започнат да се јавуваат веќе при првото излегување од болницата. Некој ќе отиде дома со градски превоз, некој со такси, некој со мама и тато пешки, цврсто држејќи се на градите, штитејќи се од ветрот и студентото, а некој пред приватната болница во која породувањето се плаќа со пари кои вашите родители не можат ни да ги замислат, ги чека голема црна лимузина. Шоферот ќе ви отвори врата и од тогаш, сите врати ќе се отвораат пред вас, на и онаа последната, рајската врата, доколку во текот на животот добро ги „подмачкувате“ црквите и поповите.

Разликата ќе ја воочите и при првото запознавање на вашиот нов дом. Некој ќе спие во кревет во кој пред него веќе спиеле неговите браќа и сестри. Некој ќе спие меѓу мама и тато, некој во својот нов кревет, купен на кредит, а некој во голема, сончева соба, полна со ирачки. Некој ќе биде чуван и расипуван од мал од баба и дедо. Некој ќе биде буден и успиван од слатскиот глас на дадилката.

Кога ќе тргнете на училиште, ќе имате различни чанти, пенкала. Нечии мајка и татко ќе одвојуваат од устата за да купат патики за синот и така да му обезбедат да биде примен во друштвото. Во средно училиште, за добра оцена, некој ќе добие мобилен телефон колку преносен телевизор, а некој само топол збор. Факултетите ќе ги студирате овде или во странство, во зависност од материјалната состојба на вашите родители. Многу талентирани нема да може да продолжат со образованието по средното училиште.

Некој има работа што го чека уште сега, а некој ќе ја бара, малку вчера, малку денес, а ќе ја добие... малку утре. Мажите и во односот со жените не можат да сметаат на некоја голема љубов. Бидејќи, за жена човекот од 25 години е стар ако нема пари. Но, ако е богат, младолик е и оној од 80.

Постоела разлика и во вашето создавање. Некој дошол на овој свет затоа што морал, некој од страст, некој поради финансии, планирано, случајно... Но, би сакал повеќето да сте од љубов.

И сите сте родени овде, во оваа земја. Сте можеле да се родите во далечната Кина, или во Јапонија, и да имате коси ичи. Да добиете име, така што на мачката ќе ѝ закачите конзерви за опашката и ќе ја пуштите да трча по улицата. Со мешањето на звуците би сте се викале - Мјао, Јао, Тунг, Трас, Бум... Би можеле да бидете црнец во Африка, кој ќе бега од диви ѕверови, или црнец во Америка и да спиете во картонска кутија, или во вила на Беверли Хилс. Би можеле да бидете Унгарец, Французин, Еским...Тука сте, Милица, Маша, Томислав, Јован...

На училиште ќе научите дека ова некогаш била земја со шест републики и две покраини. Кога односите се заладиле, таа се намалила, а тоа ќе го поврзувате со законот од физиката, според кој сите тела на топлина се шират, а на ладно се собираат. Некогаш најголем врв бил Триглав, а сега никој жив тоа веќе не го знае. Во Втората светска војна, па и подоцна, луѓето овде зборувале со различни јазици и сите сме се разбирале. Тогаш некој и вовел слушалките и преведувачите во Собранието и веќе не сме се разбрале!

Секогаш кога ние постарите ги уништуваме работите велиме: На младите останува светот! Каде останавме ние, вие продолжете. Уште сме должни, вие оддолжете се, нека тоа остане во песната. Ако сите овие стихови станат напорни, целиот свет е пред вас.

Некогаш за човекот татковината не била таму кадешто се родил, туку таму кадешто може чесно да работи и заработи за добар живот, сигурен и слободен. Така што и вие влегувате во овој свет не по своја волја. Никој не ве прашал. Можеби некој од вас веќе се предомислил? Сега, што е - тоа е. Пред вас е животот. Ќе го живеете, најмалку онака како што би сакале вие.

Ништо од ова не мора да запомните.

Но, ова пробајте да го запишете негде, длабоко во вашите мали главчиња.

Вашата земја ќе биде убава само тогаш кога и во другите земји ќе пронајдете убавина. Учете странски јазици за да може да разговарате и да се разберете со светот. Почитувајте и сакајте ги сите добри луѓе без оглед на бојата на кожата. Почитувајте ја туѓата вера за и другите да ја почитуваат вашата. Споделете радост со пријателите и прославете го во мир и Велигден, католичкиот Божиќ, Бајрам...

Сето богатство го носите само во себе. Сакајте и животните, сакајте ја природата, тие се единствената вистина. По народност бидете тоа што ви се таткото и мајката.

Но, бидете србин по Тесла, бидете црнец по Нет Кин Кол, американец по Линколн, украинец и рус по Гогољ, муслиман по Меша, англичанец по Томас Мор...

Дотогаш, бидете само мали ангели.“

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура