X
 31.08.2021 Живот

Кина им го ограничува играњето видеоигри на децата на 3 часа неделно

Кина им забрани на деца под 18-годишна возраст да играат видеоигри повеќе од 3 часа неделно, во обид да се намали зависноста која властите ја нарекуваат духовен опиум и сметаат дека е виновник за многу општествени заболувања, вклучително и одвлекување на вниманието на младите од училишните и семејните обврски.

Новите правила се дел од пошироката кампања на Пекинг со цел да се зајакне контролата врз општеството и клучните економски сектори, вклучувајќи ги технологијата, образованието и пазарот на недвижности, по неколкугодишен забрзан раст.

Ограничувањата, кои се однесуваат на сите платформи, вклучувајќи ги и паметните телефони, се голем удар за глобалната индустрија за видеоигри, во која младите играчи се најпрофатабилниот пазар.

Земјата го ограничува времето за деца под 18-годишна возраст на еден час дневно, од 20 до 21 часот, и тоа само во петок, сабота и недела. Исто така, тие можат да играат еден час дневно на државни празници.

Го штитат менталното здравје

Правилата на регулаторот, Националната агенција за медиуми и издавачи, доаѓаат во време на пресметка на Пекинг со кинеските технолошки гиганти „Алибаба“ и „Тенсент Холдинг“.

Кампањата насочена кон она што државата го нарекува див раст на некои компании доведе до губење милијарди долари на берзите во Кина и во странство.

- Тинејџерите се иднината на нашата татковина. Заштитата на физичкото и на ментално здравје на младите луѓе е од витален интерес на нацијата и е поврзана со одгледување на помладите генерации во време на национално подмладување - изјави портпаролот на агенцијата.

На компаниите за видеоигри нема да им биде дозволено да нудат услуги за деца надвор од одредено време и ќе мора да воведат системи за верификација во реално време, соопшти регулаторот кој го следи пазарот на видеоигри.

Според правилата од 2019 година во Кина, лицата под 18 години смеат да играат видеоигри 1,5 час секој ден и три часа за време на празници.

Извор: Wsj.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот