Кога Пол Барнет го запознал Камден Хушан во градинка, двете момчиња веднаш станале најдобри пријатели. И покрај тоа што Камден е во инвалидска количка, Пол никогаш кон него не се однесувал понижувачки, а потоа одлучил за својот најдобар пријател да собере пари за нова количка, која ќе му го олесни движењето.
фото извор: goodnewsnetwork.org
Пол и Камден започнале да се дружат глумејќи супер херои и правејќи смешни видео снимки. Додека другите деца се фокусирале на Камденовиот инвалидитет, Пол никогаш не го доживувал како различен.
Камден е роден со тумор на „Тх2“ и „Тх3“ пршлените, а туморот бил толку голем што се формирал околу ’рбетниот столб. Иако после три операции туморот е отстранет, тој останал параплегичар и се движи само со инвалидска количка, која е тешка, а понекогаш тој има потешкотии да управува со неа.
Кога тие двајца биле на излет, количката се превртела, а Камден паднал. Пол одлучил нешто да направи во врска со тоа. Бидејќи семејството на Камден не може да си дозволи нова количка, Пол и рекол на мајка си дека тој сака да го стори тоа.
Пол и Камден го имитирале Мајкл Џексон на училишна приредба.
Пол на веб страницата „Go Fund Me“ организирал акција за собирање средства. Па за две недели собрал 5.455 долари, а со тоа ја надминал и целта, која била да собере 3.900 долари.