На CES 2016, „Lego Education“ го најави „Wedo 2.0“ кој го ги комбинира Лего коцките, софтвер и проекти од реалниот свет за да ги научи учениците од второ и четврто одделение за науката и технологијата.
Помеѓу другите нови карактеристики, надградбата вклучува компатибилност со повеќе платформи, преминување од USB до BLE поврзани роботи и алатки за документација и споделување.
„Wedo“ програмата го комбинира хардверот и софтверот за на учениците да им даде повеќе од 40 часа учење. Софтверот користи графички интерфејс „влечи и пушти“ за да ги научи учениците воведни програмски концепти. Учениците градат Лего роботи кои се поврзани и контролирани од „Wedo 2.0“ апликацијата преку Bluetooth. На пример, „Mini Milo“ задачата ги тера учениците да создадат програмабилен вселенски ровер, додека учат за вселенските ровери и како се користат истите.
„Wedo 2.0“ доби лиценца за употреба во училиштата, а Лего се надева дека ќе ја предизвика љубопитноста на учениците и со тоа тие ќе покажат интерес за науката и технологијата.