Битолските пленумци веќе четврт ден опстојуваат во автономната зона, на Техничкиот факултет во Битола.
Во рамките на окупацијата, студентите организираат изложби, алтернативни предавања, музички групи и други различни активности.
За денес тие најавуваат настап на познатиот битолски бенд „Rockenrollers“, а во текот на денот може да се посети изложбата од Студентската Архитектноската визија.
Исто така, во 19.30 часот е организирана заедничка работна средба со Наставничкиот пленум од Битола.
Пленумците апелираат граѓаните да донираат прехранбени продукти, ќебиња, душеци и грејни тела затоа што веќе четврт ден парното им е исклучено.