X
 20.01.2016 Живот

Временска прогноза: Какво време не` очекува до крајот на неделата?



Во Македонија во среда не` очекува уште едно ледено утро со многу ниски утрински температури кои ќе се движат од -17 до -6 степени. Во текот на денот претежно сончево со локална облачност. Во крајните југозападни, јужни и југоисточни предели се очекува зголемување на облачноста која понекаде може да услови сосема слаби врнежи од дожд и снег, а на планините слаби врнежи од снег. Ќе дува доумерен јужен и југоисточен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до -8 односно до 3 степени.

Во Скопје ледено утро со утринска температура од -11 степени. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со локална облачност. Слаб југоисточен ветер. Максималната дневна температура до 0 степени.

Во Македонија во четврток по студеното утро во текот на денот ќе биде претежно сончево со дневни температури од -2 до 9 степени. Во петок зголемување на облачноста која ќе услови пад на дневните температури кои ќе се движат во интервал од -6 до 5 степени. Во деновите од викендот не очекуваат студени утра со утрински температури од -15 до -2 степени. Преку ден претежно сончево со максимални температури од -7 до 4 степени во сабота, односно од -4 до 7 степени во недела.

Weather4all.com.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот