Еден од најпопуларните автомобили во поранешна Југославија бил секако „Југо 45“. Овој модел се извезувал во САД во текот на 1980-те години, а таму доживеал неуспех, иако тука случајот бил сосема поинаков.
Ова не е единствен автомобил кој им доаѓа на ум на постарите генерации кога се сеќаваат на легендарните возила од поранешната држава. Впрочем, популарноста на овие возила била толкава што дури и денес гледаме вакви возила на македонските патишта.