„Бе-ем-ве“ се искачи на првото место на листата со најдобри производители на автомобили, која ја објавува „Консумер репортс“ секоја година. Станува збор за студија во која 32 бренда на автомобили се оценуваат според резултатите од тестовите на поединечни модели на автомобили, како и тестовите за сигурност, безбедност и задоволство на сопствениците.
Оваа година има неколку изненадувања, а најзначаен е скокот на „Бе-ем-ве“. Германската премија се искачи за две места, на врвот на листата. Минатогодишниот победник „Субару“ падна на второто место, додека на третото место е „Мини“, подбренд на „Бе-ем-ве“.
Само уште еден европски бренд влезе во најдобрите 10. Тоа е „Ауди“, кој е на 9. место. Најдобро позициониран американски бренд е „Бјуик“, на 12. место, додека најголем скок помеѓу американските брендови бележи „Линколн“, за дури 10 места.
Од друга страна, на дното на листата се наоѓа „Ленд Ровер“, по „Џип“ и „Јагуар“.
Најдобрите 10 автомобилски брендови во светот
1. Бе-ем-ве
2. „Субару“
3. „Мини“
=4. „Лексус“
=4. „Хонда“
=6. „Тојота“
=6. „Џенесис“
8. „Мазда“
9. „Ауди“
10. „Киа“
Извор:
Index
Насловна фотографија: Pixabay