X
 26.12.2016 Живот

Временска прогноза за последната недела од 2016

Денес е понеделник, 26 декември 2016 година, 361-иот ден во годината. Сонцето ќе изгрее во 06:54, а ќе зајде во 16:14 часот. Денот ќе трае 9 часа и 20 минути.

Во Македонија ова утро имаме претежно облачно, потопло и ветровито утро. Во западните и југозападните предели умерено облачно со повремени сончеви периоди.

МАКЕДОНИЈА – Првото утро во новата работна седмица ќе го започнеме со релативно потопло утро во однос на претходните денови, бидејќи утринските температури ќе бидат во пораст и ќе се движат во интервал од -6 до 3 степени. Секако за ова виновник е облачноста која што ќе ја имаме, па во текот на денот ќе преовладува умерено облачно време, а сончеви периоди се очекуваат во западните и југозападните предели. Во крајните источни и североисточни предели постојат услови за сосема слаби и локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува доумерен северен и северозападен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат до 4 односно до 12 степени.

СКОПЈЕ – Во Скопје денеска ќе биде претежно облачно и ветровито време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Утринската температура од 0 степени, а максималната дневна до 8 степени.

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во вторник умерено облачно со сончеви периоди, попладне во северозападните, западните и југозападните предели со услови за слаб локален дожд, а на планините над 1000 метри со провејување на слаб снег. Дневните температури од 5 до 13 степени. Во среда студено утро со утрински температури од -7 до 2 степени, а во текот на денот умерено облачно и нестабилно со услови за слаби врнежи од дожд, а над 400 метри со услови за слаби врнежи од снег. Максималните температури од 2 до 10 степени. Во четврток умерено облачно со сончеви периоди и студено време со максимални температури од -2 до 6 степени. Во петок студено утро со утрински температури од -10 до -1 степен, во текот на денот ќе биде претежно сончево време со локална облачност и студено со дневни температури од -3 до 5 степени

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот