Америка во четвртокот ги зајакна ограничувањата на европските и другите патници кои ги посетиле Иран, Ирак, Сирија и Судан во последниве пет години.
Сепак, новите правила не важат за оние чии професии бараат бизнис патувања.
Луѓето кои патувале во овие земји, а се новинари, или работат во хуманитарни организации или во име на меѓународни организации, регионални организации и провинциски или локални власти, се`уште имаат право да го посетат САД, без претходно добивање на виза. Луѓето кои патувале во Иран од 14 јули 2015 година, или Ирак за „цели поврзани со легитимен бизнис“ исто така можат да аплицираат да одат во Америка во рамките на програмата писмено откажување на визата.
Новите правила ќе се применуваат дури и ако патникот е од листата на програмата наречена „waiver“ - 40-те земји кои се сметаат за пријатели на Америка и чиишто граѓани можат да ја посетат слободно.
Овој потег ги налути републиканските законодавци кои ја обвинија администрацијата дека ја заобиколува волјата на Конгресот.
Одделот за домашна безбедност изјави дека некои кандидати за „waiver“ од Електронскиот систем за овластено патување (ESTA) ќе добијат одобрување одделно. Оние патници кои се лишени од безвизниот режим се`уште можат да аплицираат за виза преку американската амбасада во нивната матична земја.
Американците исто така може да бидат погодени од новото правило, доколку Европа воведе реципрочни мерки против американските државјани.
„Администрацијата на Обама очигледно го крши законот, закон што самиот претседател го потпиша“, вели Мајк МекКаул, претседател на Комитетот за безбедност. „Ова е јасна контрадикција на законот и договорот кој го достигнавме со Белата куќа. Претседателот Обама повторно го става односот со врховниот лидер на Иран пред безбедноста на Американците“.
МекКаул вели дека ослободувањата
најавени од администрацијата веќе биле одбиени. Тој додава дека тој и неговите колеги ќе одговорат и моментално ги разгледуваат можностите.
Боб Гудлате, претседател на Комитетот за правосудство изјави дека овој потег непотребно ја компромитира националната безбедност и безбедноста на американскиот народ.
Сенаторот Дик Дурбин, изјави: „Издвојувањето на луѓето поради нивната национална припадност е фундаментално во судир со американските вредности и ја поканува дискриминацијата против американските граѓани кои се двојни државјани“.
Граѓаните од 38 земји, од кој поголемиот дел се од Европа, генерално можат да патуват во Америка без да аплицираат за виза. Меѓутоа тие сепак мораат да достават биографски информации до ESTA.
Новите правила, со кои се регулира кој може да ја користи програмата одобрена од Конгресот во декември е наменета да ги блокира Европејците кои се бореле во ИСИС и постои голема можност да извршат џихад кога ќе влезат во Америка.
Одделот соопшти дека започна да ги спроведува новите правила во четвртокот. Во средата, „BBC“ објави дека Рана Рахимпоур, која има британско и иранско државјанство, беше спречена да се качи на авион за Америка. Стејт департментот не сакаше да коментира за специфичниот случај.