X
 24.12.2015 Култура

Изгледот на новата банкнота на Русија

 

Централната банка во Русија пушти нова банкнота од 100 рубљи со поглед на Крим.


На банкнотата е поставена глетка од замокот Ластавичко гнездо во близина на јалта, еден од најпознатите симболи на Крим. Исто така се најде и споменикот потопен од руската флота во војната во Крим и Севастопољ и детали од сликата на познатиот руски сликар Иван Ајвасовск.

На жолтата банкнота се наоѓа и воден печат со ликот на кралицата Катарина Велика која го анектирала Крим во 1783 година, помалку од 9 години по што стана самостоен после првата руско-турска војна која траела од 1768 до 1774 година.

Централната банка соопшти дека ќе издаде 20 милиони банкноти, а претходно издаде банкноти од 10 руљби со цел да го одбележи враќањето на Крим во составот на Русија.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура