Фото: National Geographic
Гласовите од „Нешнл џиографик“ 2017 се затворени, така што избрани се победниците. Овој годишен натпревар ја истакнува разновидноста на нашата планета преку нејзините природни чуда и жители, а победничките фотографии се исто толку извонредни како и минатата година.
Судиите разгледале повеќе од 15.000 фотографии од патници од целиот свет во награди во три категории: природа, луѓе и градови. Престижната главна награда му припадна на Серџо Тапиро Веласко од Мексико за неговата фотографија на која успеал да го долови моментот кога удира молња во вулкан. Сликата на Веласко го освои првото место во категоријата природа.
Норберт Фриц од Унгарија ја освои главната награда во категоријата градови за неговата фотографија „Нивоа на читање“, а Ф.Дилек Ујар од Турција победи во категоријата луѓе со неговата фотографија „Обожување“.
Првото, второто и третото место во секоја категорија беа
наградени со 2.500 долари, 750 долари и 500 долари, соодветно. Веласко, кој ја доби главната награда, доби 10-дневно патување за двајца до архипелагот Галапагос со експедицијата на „Нешнл џиографик“.