X
 25.01.2016 Технологија

Пронајден е нов најголем прост број

Најголемиот познат прост број беше откриен неодамна и има речиси 5 милиони цифри повеќе од претходниот рекордер.


Бројот бил откриен во компјутерска лабораторија на кампусот на Универзитетот во Мисури откако машината број 5 во собата 143 пресметала дека бројот, кој може да го погледнете ТУКА, се дели само со 1 и со себе. Соодветно на математичката дефиниција, со ова бројот е прост број.

Огромниот број може да биде практично запишан како 2^74,207,281 − 1. Претходниот најголем прост број, 2^57,885,161 − 1 имал 17 милиони цифри, а новиот има 5 милиони цифри повеќе.

За да се изговори новиот најголем познат прост број би биле потребни неверојатни 127 дена.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија