X
 29.01.2016 Живот

Забавувајте го вашето дете без паметен телефон

Се наоѓате на јавно место - во ресторан или во чекална и чекате подолго време. Вашето дете започнува да станува немирно и нервозно. Започнува да плаче и да вриска, а луѓето околу вас започнуваат да ви даваат нервозен поглед.

 

tatko


Со вас немате ниту играчки ниту книги, што е исклучително примамливо да му го дадете паметниот телефон и да го смирите.

Но, идејата дека секој пат треба да му се даде паметен телефон кога ќе се почувствува несреќно и кога ќе му е досадно е лекција која дефинитивно не сакате да го научите; сакате само да може д асе забавува, без технолошки уреди.

Со неколку интересни идеи, можете лесно да импровизирате неколку игри кои ќе го задржат вниманието на вашето дете и ќе го направат среќно.

1. Кажи ја песната

Потпевнувајте позната песна и видете дали вашето дете може да го каже нејзиното име.

2. Што недостасува?

Ова е одлична игра особено додека седите во ресторан и го чекате вашето јадење. Земете неколку предмети - вилушки, лажици, и друго што ќе најдете на маса, и кажете му на вашето дете добро да ги погледне. Потоа покријте ги предметите со салфетка и тргнете еден предмет. Откако ќе ја тргните салфетката вашето дете треба да погоди кој предмет недостасува.

3. Кој сум јас?

Изберете не кое животно. Вашето дете треба да поставува прашања за да погоди кое животно сте.

4. Допри нешто што е..

Кажете му на вашето дете да допре нешто што има X боја. „Дали можеш да допреш нешто што е црвено?“ „Дали можеш да допреш нешто што е сино?“ Тоа може да допре нешто што му е на дофат - масата, облеката итн.

5. Годење на форма


Кажете му на вашето дете да си замисли нешто што е во близина и што има одредена форма. „Дали замисли нешто што е круг?“ „Дали замисли нешто што е триаголник?“

6. Јас шпионирам


Класична забавна игра за малку постаро дете кој може да погодува. Изберете предмет кој и двата можете да го видите и потоа кажете: „Јас шпионирам нешто и тоа нешто е с______“. Ако вашето дете ја знае азбуката, тогаш кажете му една буква.

7. Што е различно?

За оваа игра потребни ви се хартија и пенкало. Поделете ја хартијата на четири квадрати. Во три квадрати нацртајте исти форми, а во четвртиот квадрат нацртајте нешто различно. На пример, во трите квадрати нацртајте куче, а во четвртиот мач. Она што вашето треба да направи е да каже кој квадрат се разликува од останатите. За малку повозрасно дете добро би било на првите три квадрати да нацртате 5 правоаголници, а на четвртиот 6, па така предизвикот е поголем.

8. Едноставна гатанка


Смислете едноставни гатанки кои вашето дете може да ги открие. На пример: „Имам четири нозе и сум покриен со мека бела волна. Што сум јас?“, или „Имам форма на круг, имам две раце и бројки околу мене. Што сум јас?“

9. Сокриено во дланката

Нека вашето дете ги види вашите празни дланки. Потоа ставете предмет како паричка во една дланка и затворете ги двете. Ставете ги рацете позади грбот и префрлете ја паричката во другата рака. Повторно ставете ги дланките напред и прашајте го вашето дете во која рака е скриена паричката.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот