X
 31.01.2016 Култура

Уникатен шкотски замок прекриен со графити

Кој вели дека сите замоци се темни и мрачни? Грофот од Глазгов не се согласува, а тоа може да го видиме и од неговиот замок, кој дефинитивно е најразнобојниот во Шкотска и подалеку.


Замокот Келбурн се наоѓа во близина на Глазгов, Шкотска. Тој е семеен дом на семејството Бојл од неговата изградба во 13-от век. Така, замокот е најстариот во Шкотска во кој живеело едно исто семејство.

Во 1703 година, шкотскиот парламент му ја дал титулата „Гроф на Глазгов“ на сопственикот во времето, Дејвид Бојл. Од тогаш, замокот е дом на грофовите од семејството. Во 2007 година, 10-от и моментален гроф од Глазгов, Патрик Робин Арцхибалд Бојл, добил наредба за отстранување на цементот додаден на градбата во 1950-те бидејќи го оштетува каменот. На предлог од неговите деца, грофот се согласил цементот да биде офарбан пред да се отстрани.

Така, тој поканил четворица бразилски уметници да го украсак замокот со уникатни графити. Делата на уметниците привлекле огромно внимание и многу туристи од целиот свет. Уметничките дела требало да бидат отстранети, но поради реакцијата на јавноста, била донесена одлука за трајно задржување на графитите.

Во 2012 година било откриено дека цементот ги оштетува ѕидовите од камен и грофот бил замолен да ги отстрани графитите. Уметноста требало да биде отстранета до летото во 2015 година, но нема податоци дали графитите биле отстранети.

ГАЛЕРИЈА


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура