На островот Мартин во Шкотска нема жители, но некој треба да го одржува за посетителите што се очекуваат летово. Организација од островот неодамна ги покани сите заинтересирани да се пријават за оваа работа.
На островот има две плажи, мал музеј и рид. Таму се одржува и фестивал за алги од 6 до 12 септември. Островот е во сопственост на хуманитарната организација „Ајл Мартин траст“ од 1999 година, пренесува Би-би-си.
Одбраниот кандидат ќе биде првиот постојан жител на островот во последните 30 години. Ова лице ќе се грижи за трите куќи на островот, ќе ги пречекува посетителите и ќе се грижи тие да ги почитуваат мерките за спречување на ширењето на ковид-19, открива директорката на организацијата, Беки Томсон.
Овие работни обврски би одземале околу три часа дневно, а кандидатот ќе добие сместување и 150 фунти неделно. Сепак, од организацијата предупредуваат дека на островот нема топла вода и има само еден мал електричен полнач кој е доволен за да наполни телефон, лаптоп или неколку светилки. Кандидатот ќе може да го користи и бродот со кој се стигнува до островот.
Пријавувањето траело до 29 мај, според страницата на организацијата на „
Фејсбук“.
Извор:
BBC