Кога зборуваме за куќи од соништата, обично мислиме на спектакуларна голема куќа на периферијата на градот, можеби вила или имот на плажа. Не би било погрешно да се претпостави дека речиси никој не вели - замок.
Познатиот руски бизнисмен Тембулат Еркенов не само што размислувал многу пошироко, туку и успешно ја реализирал својата визија за огромен замок во центарот на вештачко езеро.
Заедно со рибите, птиците и прекрасната флора, Шато Еркен, лоциран во Кабардино-Балкарија, автономна република во Руската Федерација, ја руши секоја бариера на модерното време по форма, големина и размер и изгледа како исклучително добро сочуван средновековен замок.
Иако изгледа како да датира од средниот век, замокот кој ќе ве маѓепса на прв поглед е стар само десет години. Шато Еркен во голема мера е инспириран од европските замоци кои неговиот творец ги посетил при неговите многубројни патувања низ Европа.
За разлика од кралските замоци што се граделе со децении и векови, петкатницата Шато Еркен е изградена во 2010 година, и тоа за само две години. Семејството го дели ова архитектонско чудо со светот и се покажа дека е една од најпопуларните туристички дестинации на овој дел од планетата.
Шармантниот замок се наоѓа во близина на селото Чернаја Речка, а туристите можат да платат турнеја за да ја истражат прекрасната палата.
Извор:
b92.net
Фото:
Instagram