Стотици илјади луѓе се обидоа да ја решат загатката од разузнавачката и безбедносна агенција, меѓутоа никој се`уште не успеал да го пронајде решението.
Загатката беше објавена од владината канцеларија за комуникации на Велика Британија, заедно со традиционалните божиќни картички за вработените.
Првата фаза од загатката е достапна онлајн за секого уште од декември минатата година, и содржи инструкции за тоа како треба да се реши.
Со решавање на првата загатка, играчите создаваат слика која води до серија на покомплексни предизвици.
Откако сите фази ќе бидат отклучени и успешно завршени, играчите беа охрабрени да го достават одговорот на меил адресата на канцеларијата.
Победникот ќе биде извлечен од сите успешни одговори.
Упаствата за првата фаза на играта се: „Во оваа мрежна загатка, секој квадрат е црн или бел. Некои од белите квадрати се веќе пополнети за тебе. Секој ред или колона е означен со низа на броеви. Броевите укажуваат на должината на сите последователни црни квадрати и се прикажани по ред кој се појавува во таа линија. На пример, 2 1 6 покажува дека сет на два, еден и шест црни квадрати, секој од нив има барем по еден бел квадрат кој ги разделува“.
Од канцеларијата велат дека скоро 600.000 луѓе успешно ја завршиле првата фаза од сложувалката. Кога ќе се заврши успешно првата фаза, за играчите создава „брз одговор“ или QR код кој води до предизвикот на следната фаза.
Иако околу 30.000 играчи успеале да стигнат до завршната фаза, сепак никој не успеал да ја реши целата загатка.
„Не е толку апстрактно колку што ви се чини“, вели Роберт Ханиган, шефот на канцеларијата.
Голем број на луѓе биле доста близу, меѓутоа одговорот на ниту еден не бил 100% точен.
Д-р Гарет Мор, автор на загатки и творец на веб страната „Brained up“, вели дека загатката само изгледа тешко по изглед, и станува збор за трпеливост.
„Всушност, загатката со слика како оваа може да се реши со земање во предвид на секој ред и колона, една по една“, вели тој.
Загатката била дизајнирана за да ги охрабри луѓето да направат донации до националното друштво за спречување на суровоста кон децата.
Целосното решение на загатката ќе биде објавено на веб страната на канцеларијата на почетокот на февруари.
Тука можете да преземете поголема верзија од загатката.