Интернетот е полн со забавни начини за тестирање на вашата интелигенција, а една од најпопуларните загатки е загатката со три прекинувачи и една сијалица.
Овој брз тест ја предизвикува вашата генијалност и способност за решавање проблеми, а ние ви носиме решение кое ќе ве изненади.
Загатката гласи: Во шкафче има сијалица, но вратата од шкафчето е затворена, така што однадвор не можете да видите дали светлото е вклучено или исклучено. На располагање имате три прекинувачи пред вратата, но само еден од нив ја вклучува сијалицата. Можете да ги притискате колку сакате, но ви е дозволено да ја отворите вратата само еднаш. Како точно ќе одредите кој прекинувач ја вклучува сијалицата?
Фото: Pixabay
Решение:
- Притиснете го прекинувачот број 1 и почекајте неколку минути. Потоа исклучете го.
- Притиснете го прекинувачот број 2 и веднаш отворете ја вратата од шкафчето.
Ако свети светлото, прекинувачот број 2 е вистинскиот избор. Ако светлото е исклучено, допрете ја сијалицата. Ако сијалицата е топла, правилниот прекинувач е број 1, бидејќи сијалицата била вклучена и се вжештила. Ако светлото е исклучено, а сијалицата е ладна, одговорот е прекинувачот број 3.
Овој едноставен тест може да ја открие вашата способност да расудувате и да решавате проблеми.
Извор:
24sedam.rs
Фото: Pixabay