X
 03.02.2016 Технологија

оне.Вип со нова мобилна мрежа



Следејќи ги своите заложби да обезбеди што поголема вредност за своите корисници и уште подобри и нови сервиси, оне.Вип започна со изградба на нова мобилна мрежа. Проектот за изградба на нова мрежа започна кон крајот на 2015 година и ќе се одвива по региони. Компанијата со гордост објавува дека првиот регион кој ги вклучува Куманово, Крива Паланка и Кратово е успешно имплементиран.

По правното спојување, оне.Вип започна неколку обемни проекти чија реализација ќе донесе уште поголеми придобивки за сите групи корисници. Целта на новата мобилна мрежа е да обезбеди за сите корисници на оне.Вип, значително поголем капацитет за користење на 3G технологијата, покриеност на целата територија на земјата и достапност на 4G LTE низ цела Македонија и сето тоа за да обезбеди најдобро корисничко искуство и да ги обезбеди најновите светски технолошки достигнувања во мобилниот сегмент.

- Со спојувањето во новиот ентитет, оне.Вип, создадовме компанија со поголем инвестициски капацитет и се обврзавме да ги воведеме најновите технологии во земјата, уште поквалитетни и нови иновативни услуги базирани на најмодерни мрежи и технологии. Денеска со гордост ги објавуваме првите резултати постигнати со инвестицијата што ја почнавме за изградба на нова мобилна мрежа, што е значајно подобрување во регионот на Куманово, Крива Паланка и Кратово. Процесот е комплексен и е воден паралелно со тековните дневни активности, но и нови проекти на компанијата предвидени за наредната година. Една година од сега ние ќе бидеме навистина најдобриот избор во комуникациите за нашите корисници, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип.

Ова е прв регион каде имплементацијата на новата мрежа е успешно спроведена. Во моментот тимовите работат на изградба на нова мрежа во Скопскиот регион и на крајот на годината ќе заврши во сите урбани делови во Македонија. Корисниците ќе почувствуваат значително подобрување со покриеност на мрежата – 3G и 4G ќе бидат достапни насекаде, а значителни подобрувања ќе се почувствуваат и во квалитетот на сервисите: подобра брзина, уште помалку падови во разговорите, и уште побрзо воспоставување на повиците.

- Очигледни се влијанието и придобивките за корисниците. Кај корисниците на Вип тарифните модели во Куманово, Крива Паланка и Кратово и во целиот тој регион се забележува 30 % пораст во користењето на 3G податочен сообраќај, додека податочниот сообраќај на 4G LTE достигна раст за неверојатни 270%. Значајно влијание има и за корисниците на ОНЕ тарифните модели каде растот на 3G UMTS сообраќајот во овој регион забележа раст за 70%. Можеме да заклучиме дека направивме значајни подобрувања за корисниците во овој регион и ги задоволуваме нивните потреби за неограничена и безгрижна комуникација. Со нашите инвестиции во модернизација и на фиксната мрежа, можеме да кажеме дека имаме амбициозни планови за 2016г., способност и знаење да ги исполниме плановите, поддршка од нашите акционери, и ќе ја постигнеме нашата главна цел да го понудиме најдоброто за корисниците, потенцираше Адриан Јежина, Технички директор на оне.Вип.

Паралелно, оне.Вип и Близу ќе бидат фокусирани на целосна модернизација и проширување на фиксната мрежна инфраструктура, со цел создавање на конвергентен оператор со можност да понуди најдобри конвергентни услуги. Новата кабловска HFC технологија на Вип/ Близу ќе понуди 2,5 пати поголеми брзини, односно до 300 Mbp/s и се очекува до крајот на годината да биде достапна за околу 85% од домовите каде Близу има покриеност во Македонија.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија