X
 04.02.2016 Култура

Наместо играчки, McDonalds ќе дава книги

Од сега до 15 февруари, „McDonalds“ ќе реализира акција за промовирање на читањето меѓу децата. Така, во овој период, наместо играчки, во сите оброци „Happy meal“ ќе има книги.


Според „Los Angeles Times“, ланецот ресторани за брза храна вклучува 4 различни книги во експериментот. Три од нив се одбрани поради Денот на вљубените, кој ни престои: „Clark the chark takes heart“ од Брус Хејл; „Happy Valentine's day, mouse!“ од Лаура Нумероф и Фелиша Бонд и „Pete the cat: Valentine's day is cool“ од Кимберли и Џејмс Дин.

Четвртата книга е класика - „Paddington“ од Мајкл Бонд и илустрирана од Р.В.Ели.

Ова е трет пат како ланецот за брза храна дава минијатурни книги наместо пластични играчки во своите оброци за деца.

До крајот на оваа акција, <>„McDonald's“ ќе додели околу  50 милиони детски книги.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура