X
 06.02.2016 Технологија

Дали патиштата се побезбедни без линии?

Белите линии на улиците со години се отстрануваат во делови од Велика Британија бидејќи некои експерти велат дека тоа ги поттикнува возачите да успорат. Дали ова е крајот на улиците какви што ги знаеме?


Линиите од улиците првпат биле отстранети во Велика Британија пред повеќе од 10 години. Округот Вилтшир престанал да ги обновува линиите од 1997 и 2002 година. Властите заклучиле дека оттогаш биле забележани подобрувања во безбедноста на улиците со помала дозволена брзина. Оттогаш, белите линии биле отстранети на 20 патишта во округот.

Во 2014 мерката била преземена и на три други патишта надвор од округот - во Лондон и Кројдон. ТФЛ (Transport for London) посочува дека има „статистички значајно намалување во брзината на возилата“ како резултат на отстранување на средишните линии.


Зошто луѓето успоруваат на улиците без линии?

Имено, властите велат дека возачите го менуваат возењето бидејќи чувствуваат дека повеќе немаат своја насока, па се повнимателни, што ја намалува брзината.

Сепак, отстранувањето на сите линии од средината на улиците би било апсурдно, според експертите. Според нив, ваквите методи би можеле да функционираат на помали патишта, но географските разлики би можеле и да ги збунат корисниците на автопати, пишува Би-Би-Си.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија