X
 22.07.2019 Живот

Шест нешта кои треба да ги знаете ако возите електричен тротинет

Возењето со електричен тротинет е поевтино од она со сопствен автомобил или со такси, помалку е заморно од возење со велосипед и е подобро за Земјата од останатите превозни средства кои ја загадуваат. Сепак, бројот на несреќи во кои се вклучени и овие превозни средства, од ден на ден сѐ повеќе се зголемува.

Светските медиуми деновиве ја пренесуваа веста за смртта на водителката и јутјуберка Емили Хертриџ, која настрадала во Лондон откако камион налетал на нејзиниот тротинет.

View this post on Instagram

OF COURSE I HIT LIKE A GIRL | YOU COULD TOO, IF YOU HIT A LITTLE HARDER 🥊🙋🏻‍♀️ - Since recovering from my hip injury coming back to boxing has literally made me so happy 😀 I can’t express how good boxing makes me feel....mentally and physically 💪🏻 - To anyone with mental health issues I can’t recommend trying boxing ANY higher. It’s the sweating, the punching and the fact that you simply can’t think about anything else because you have to concentrate so hard on not getting hit 🙋🏻‍♀️ - The lovely guys at @rathboneboxing have very kindly offered me a discount code for you guys and hopefully if you try out a few classes you will get hooked like me 😊 - If you go to their website and use my promotion code you will get 20% off any fully priced bundle. It is ONLY available for the first 20 lucky users and it can only be used once by each of you. This code lasts for 20 days so it will expire on the 23rd of July 🤚🏽 - DISCOUNT CODE: PUNCHLIKEAGIRL 🤸🏻‍♂️ - I really hope boxing helps you as much as it has helped me and if you do try it out at @rathboneboxing you will NOT be disappointed 🤙 The classes are amazing and you will really learn the art of boxing and how to throw a proper punch 🤛🏼 - So what are you waiting for? Get yourselves down there ASAP ☝🏼 ____________________________________________ #boxing #punchlikeagirl #girlswhobox #rathboneboxingclub #london #workout #exercise #fitness #strong #strength #muscles #fitnessmotivation #fit #abs #lean

A post shared by Emily Hartridge (@emilyhartridge) on


Експертите велат дека тротинетите се одлично превозно средство, но дека кацигите и безбедното возење се клучни за безбедноста на оние кои ги возат, но и на пешаците, кои во последно време исто така се жртви на несовесните возачи на електрични тротинети.

Сепак, постојат многу нешта кои можете да ги направите.

Носете кацига

Кацигата сепак е важна. Лекарите можат да „поправат“ скршена рака или зглоб, но не и многу сериозни повреди на главата.

Не возете пијани

Едно истражување покажало дека една третина од возачите на електрични тротинети признале дека консумирале алкохол 12 часа пред повредата која ја добиле при возење на тротинет. Возењето на електричен тротинет не е побезбедно од автомобилот. Ако сте консумирале алкохол, викнете некој да ве однесе, одете си дома пеш или користете јавен превоз.

Двајца на тротинет

Да, сѐ повеќе луѓе се возат во пар на еден тротинет, а има и родители кои ги возат своите деца. Тротинетот е направен за едно лице, тоа не е мотор. Повеќето тротинети имаат лимит од 100 килограми носивост. Возете се сами!

Невнимателно возење


Правилата за возење на електричен тротинет се различни во секоја земја или град. Важно е сами да се информирате. Ако возите заедно со автомобилите, давајте знаци со рацете, носете штитници, а ако морате нешто да превезете, ставете го во ранец, не закачувајте го на рачките или на едно рамо бидејќи можете да загубите рамнотежа. И најважно! Заборавете на мобилниот додека возите. Доколку проверувате навигација, запрете некаде.

Проверувајте го тротинетот

Пред да тргнете, прегледајте го тротинетот за да видите дали сѐ е во ред. На почетокот од возењето тестирајте ги кочниците. Ако забележите нешто сомнително, контактирајте го сервисот или местото од каде што сте го купиле тротинетот.

Вежбајте на почетокот

Само затоа што сте возеле тротинет додека сте биле дете или затоа што сега возите велосипед не значи дека ќе бидете феноменален возач на електричен тротинет. Тој е помалку стабилен при наидување на дупки од велосипедот бидејки тркалата му се помали. Затоа убаво е кога ќе го купите прво да вежбате на празен паркинг, па потоа да се вклучите во сообраќајот. Вежбајте тргнување и запирање, забрзување и забавување, маневрирање околу пречки. Колената држете ги благо свиткани за да бидете постабилни.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот